Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 2:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Затоа спомнувајте си, дека вие, кои некогаш бевте незнабошци по тело, и наречувани необрезани од оние, кои се наречуваа обрезани, и кои се тоа по телото, по човечко дело;

12. во она време бевте без Христа, оттуѓени од израелското општество, и туѓи на заветите на ветувањето, без надеж и без Бога во светот.

13. А сега во Христа Исуса, вие кои некогаш бевте далеку, станавте близу преку Христовата крв.

14. Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двете направи едно, и го разурна преградниот ѕид, што ги делеше,

15. и во Своето тело го уништи непријателството и законот со неговите заповеди и одредби, и создавајќи мир, од двата да создаде во Себе еден нов човек,

16. и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уби врз него непријателството.

17. Тој дојде да ви проповеда мир на вас, кои бевте далеку и мир на оние, кои беа близу:

Прочитајте целосна глава Ефешаните 2