Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 2:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,

2. во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.

3. Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.

4. Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,

5. нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! -

6. и со Него нè воскресна и со Него нè седна во небесните места, во Христа Исуса,

7. та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.

8. Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!

Прочитајте целосна глава Ефешаните 2