Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 2:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,

2. во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.

3. Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.

4. Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,

5. нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! -

Прочитајте целосна глава Ефешаните 2