5. Така, Филип дојде во главниот град на Самарија и им го проповедаше Христа.
6. И народот еднодушно внимаваше на Филиповите зборови; и ги слушаше и ги гледаше чудата, што ги правеше.
7. Зашто нечистите духови излегуваа со голема викотница, а мнозина фатени и хроми беа исцелени.
8. И стана голема радост во оној град.
9. А порано во тој град се наоѓаше еден човек, по име Симон, кој правеше магии и го зачудуваше самарискиот народ, зборувајќи за себе дека е нешто големо;
10. овој го слушаа сите од мал до голем, велејќи: „Овој е голема Божја сила.”
11. А го слушаа затоа што долго време ги восхитуваше со своите магии.
12. А кога му поверуваа на Филипа, кој го проповедаше Евангелието за Божјото Царство и за името на Исуса Христа, се крштаваа мажите и жените.
13. И самиот Симон поверува и откако беше крстен, продолжи со Филипа, гледајќи ги знаците и големите сили што се збиднуваа, се восхитуваше.
14. А кога апостолите, кои беа во Ерусалим, чуја дека Самарија го прими Божјото слово, им ги испратија Петра и Јована,
15. кои слегоа и се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух,
16. зашто уште ни на еден од нив не беше слегол, а само беа крстени во името на Господа Исуса.
17. Тогаш ги положија рацете на нив и тие Го примија Светиот Дух.
18. А кога Симон виде дека Светиот Дух се дава со полагање на апостолските раце, им понуди сребреници,