Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 8:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Така, Филип дојде во главниот град на Самарија и им го проповедаше Христа.

6. И народот еднодушно внимаваше на Филиповите зборови; и ги слушаше и ги гледаше чудата, што ги правеше.

7. Зашто нечистите духови излегуваа со голема викотница, а мнозина фатени и хроми беа исцелени.

8. И стана голема радост во оној град.

9. А порано во тој град се наоѓаше еден човек, по име Симон, кој правеше магии и го зачудуваше самарискиот народ, зборувајќи за себе дека е нешто големо;

10. овој го слушаа сите од мал до голем, велејќи: „Овој е голема Божја сила.”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 8