Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 8:34-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Тогаш Етиопјанецот во одговор му рече на Филипа: „Те молам, за кого го вели ова пророкот? За себе или за некој друг?”

35. А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа Писмо, му проповедаше за Исуса.

36. А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?”

37. А Филип рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш.” Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.”

38. И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти.

39. А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го зеде Филипа, и Етиопјанецот веќе не го виде. Но продолжи радосно по својот пат.

40. А Филип се најде во Азот, а потоа, поминувајќи го проповедаше Евангелието, по сите градови додека не дојде во Ќесарија.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 8