Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 8:31-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Тој пак рече: „Како би можел да разберам, ако некој не ме упати!” И го повика Филипа да се качи и да седне со него.

32. А местото од Писмото, што го читаше, беше ова: „Беше одведен како овца на колење; и како што јагнето е немо пред оној, кој го стриже, така не ја отвори Својата уста.

33. Во Неговото понижување Му беше укинат судот. Кој ќе го изброи Неговото поколение? зашто Неговиот живот се зема од земјата.”

34. Тогаш Етиопјанецот во одговор му рече на Филипа: „Те молам, за кого го вели ова пророкот? За себе или за некој друг?”

35. А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа Писмо, му проповедаше за Исуса.

36. А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?”

37. А Филип рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш.” Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 8