Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 8:12-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. А кога му поверуваа на Филипа, кој го проповедаше Евангелието за Божјото Царство и за името на Исуса Христа, се крштаваа мажите и жените.

13. И самиот Симон поверува и откако беше крстен, продолжи со Филипа, гледајќи ги знаците и големите сили што се збиднуваа, се восхитуваше.

14. А кога апостолите, кои беа во Ерусалим, чуја дека Самарија го прими Божјото слово, им ги испратија Петра и Јована,

15. кои слегоа и се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух,

16. зашто уште ни на еден од нив не беше слегол, а само беа крстени во името на Господа Исуса.

17. Тогаш ги положија рацете на нив и тие Го примија Светиот Дух.

18. А кога Симон виде дека Светиот Дух се дава со полагање на апостолските раце, им понуди сребреници,

19. велејќи: „Дајте ми ја мене таа власт, на кого ќе ги положам рацете, да Го прими Светиот Дух!”

20. Но Петар му рече: „Нека одат во пропаст твоите сребреници заедно со тебе, зашто си помислил да го добиеш Божјиот дар со сребреници!

21. Нема за тебе ни дел ни учество во оваа работа, зашто твоето срце не е право пред Бога.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 8