Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 8:1-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во оној ден стана и големо гонење против црквата во Ерусалим; и сите, освен апостолите се распрснаа по краиштата на Јудеја и Самарија.

2. А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него.

3. Савле пак ја запустуваше црквата, влегувајќи во куќите, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше во темница.

4. Оние кои беа распрснати одеа, проповедувајќи го Словото.

5. Така, Филип дојде во главниот град на Самарија и им го проповедаше Христа.

6. И народот еднодушно внимаваше на Филиповите зборови; и ги слушаше и ги гледаше чудата, што ги правеше.

7. Зашто нечистите духови излегуваа со голема викотница, а мнозина фатени и хроми беа исцелени.

8. И стана голема радост во оној град.

9. А порано во тој град се наоѓаше еден човек, по име Симон, кој правеше магии и го зачудуваше самарискиот народ, зборувајќи за себе дека е нешто големо;

10. овој го слушаа сите од мал до голем, велејќи: „Овој е голема Божја сила.”

11. А го слушаа затоа што долго време ги восхитуваше со своите магии.

12. А кога му поверуваа на Филипа, кој го проповедаше Евангелието за Божјото Царство и за името на Исуса Христа, се крштаваа мажите и жените.

13. И самиот Симон поверува и откако беше крстен, продолжи со Филипа, гледајќи ги знаците и големите сили што се збиднуваа, се восхитуваше.

14. А кога апостолите, кои беа во Ерусалим, чуја дека Самарија го прими Божјото слово, им ги испратија Петра и Јована,

15. кои слегоа и се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух,

16. зашто уште ни на еден од нив не беше слегол, а само беа крстени во името на Господа Исуса.

17. Тогаш ги положија рацете на нив и тие Го примија Светиот Дух.

18. А кога Симон виде дека Светиот Дух се дава со полагање на апостолските раце, им понуди сребреници,

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 8