Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 5:31-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Бог, со Својата десница, Го возвиси Него за Началник и Спасител, за да му даде покајание на Израел и проштавање на гревовите.

32. Ние сме сведоци за тоа и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние, кои Му се покоруваат.”

33. Кога го чуја тоа, се налутија многу и имаа намера да ги убијат,

34. но тогаш, во Синедрионот, стана еден фарисеј по име Гамалиел, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда да ги изведат луѓето надвор;

35. и им рече: „Мажи, Израелци! Помислете добро што ќе им направите на тие луѓе!

36. Зашто, пред овие денови се крена Тевда, кој зборуваше за себе дека е нешто големо, и кон него се присоединија околу четири стотини луѓе; тој беше убиен, а сите кои го слушаа се распрснаа и беа уништени.

37. По него, во време на пописот на населението, се крена Јуда Галилеецот и повлече многу народ по себе. И тој загина, а сите кои го слушаа се распрснаа.

38. А сега, ви велам: оставете ги овие луѓе и пуштете ги! Зашто, ако овие замисли или ова дело се од луѓе - ќе пропадне;

39. но, ако е од Бога, не ќе можете да го уништите; пазете, да не станете борци против Бога!”

40. Тогаш го послушаа, и ги повикаа апостолите и ги изнатепаа и им забранија да зборуваат за Исусовото име, и ги пуштија.

41. Тие пак си отидоа од Синедрионот со радост, зашто беа удостоени да претрпат понижување за Исусовото име.

42. Така, не прекратија секој ден да поучуваат и да го проповедаат Евангелието, во Храмот и по куќите, дека Исус е Христос.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 5