Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 5:10-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. И веднаш падна до неговите нозе и издивна. А кога младите луѓе влегоа, ја најдоа мртва; ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж.

11. И голем страв ја опфати целата црква и сите кои го чуја тоа.

12. И преку апостолските раце стануваа многу знаци и чуда во народот; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем.

13. Од другите пак, никој не се осмелуваше да им се присоедини, меѓутоа народот ги величаше многу.

14. А повеќе верни беа присоединети кон Бога; множествата на мажи и жени;

15. така што изнесуваа болни на улиците и ги полагаа на постели и носилки, та барем Петровата сенка да падне на некого од нив.

16. Се собираше во Ерусалим и множество од околните градови и носеа болни и измачувани од нечисти духови. И сите се исцелуваа.

17. Тогаш станаа: првосвештеникот и сите, кои беа со него, имено садукејската ерес, се наполнија со завист,

18. ги фатија апостолите и ги фрлија во општа темница.

19. Но во ноќта, Господов ангел ја отвори вратата на темницата, ги изведе и им рече:

20. ”Одете и истапете во Храмот, говорете му ги на народот сите зборови за овој живот!”

21. Штом тие го чуја тоа, влегоа во Храмот пред разденување и поучуваа. А кога дојдоа првосвештеникот и оние, кои беа со него, ги свикаа Синедрионот и сите старешини на Израелевите синови, и испратија да ги доведат.

22. А кога служителите дојдоа, не ги најдоа во темницата. се вратија и известија:

23. ”Ја најдовме темницата заклучена и добро обезбедена, и стражарите како стојат пред вратата; но кога ја отворивме - внатре не најдовме никого.”

24. Кога ги чуја овие зборови, храмските старешини и свештеничките главатари, беа во недоумение заради нив, што би можело тоа да биде!

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 5