Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 5:1-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А еден човек по име Ананија, со својата жена Сапфира, продаде еден имот

2. и задржа од цената со знаење на жената, а донесе еден дел и го стави пред нозете на апостолите.

3. А Петар му рече: „Ананија, зошто сатаната го исполни твоето срце да Го излажеш Светиот Дух и да задржиш од цената на нивата?

4. Не беше ли твоја додека не беше продадена? И кога ја продаде - не беше ли во твоја власт? Зошто го науми тоа нешто во своето срце? Не ги излага луѓето, туку Бога!”

5. Кога Ананија ги чу зборовите, падна и издивна. И голем страв ги обзеде сите, кои го чуја тоа.

6. А помладите станаа, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.

7. А кога поминаа околу три часа, влезе и неговата жена, не знаејќи што станало.

8. И Петар ја праша: „Кажи ми дали за толку ја продадовте нивата?” И таа рече: „Да, за толку.”

9. А Петар и рече: „Зошто се согласивте да Го искушувате Господовиот Дух? Еве! Веќе пред вратата се нозете на оние, кои го погребаа твојот маж, ќе те изнесат и тебе!”

10. И веднаш падна до неговите нозе и издивна. А кога младите луѓе влегоа, ја најдоа мртва; ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж.

11. И голем страв ја опфати целата црква и сите кои го чуја тоа.

12. И преку апостолските раце стануваа многу знаци и чуда во народот; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем.

13. Од другите пак, никој не се осмелуваше да им се присоедини, меѓутоа народот ги величаше многу.

14. А повеќе верни беа присоединети кон Бога; множествата на мажи и жени;

15. така што изнесуваа болни на улиците и ги полагаа на постели и носилки, та барем Петровата сенка да падне на некого од нив.

16. Се собираше во Ерусалим и множество од околните градови и носеа болни и измачувани од нечисти духови. И сите се исцелуваа.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 5