Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 4:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Додека тие уште му зборуваа на народот, пристапија при нив свештениците, и управителот на Храмот и садукеите,

2. вознемирени поради тоа што го поучуваат народот и проповедаат воскресение на мртвите во Исуса.

3. И ставија раце врз нив и ги фрлија во темницата, до идниот ден, зашто веќе беше вечер.

4. А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.

5. А утреден се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците,

6. и првосвештеникот Ана, и Кајафа, и Јован, и Александар, и колку што ги имаше од првосвештеничкиот род.

7. И кога ги поставија на средина ги прашаа: „Со каква сила, или во чие име, го направивте тоа?”

8. Тогаш Петар, исполнет со Светиот Дух, им рече: „Народни началници и старешини!

9. Ако денес нè испитувате за доброто дело направено на еден болен, од што е тој исцелен,

10. тогаш да знаете сите вие и сиот Израелски народ: дека во името на Исуса Христа Назареецот, Кого вие Го распнавте, а Кого Бог Го воскресна од мртвите, преку Него овој човек стои здрав пред вас.

11. Тој е каменот што вие, ѕидарите, го отфрливте, а кој стана глава на аголот.

12. Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 4