Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 3:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Петар и Јован одеа во Храмот во деветтиот молитвен час,

2. тогаш носеа еден човек, хром од раѓање. Него го поставуваа секој ден пред храмската врата, наречена Красна, за да проси милостина од оние, кои влегуваа во Храмот.

3. Штом ги виде тој Петар и Јован, кога сакаа да влезат во Храмот, запроси да му дадат милостина.

4. А Петар, заедно со Јован, се вгледа во него и му рече: „Погледај нè!”

5. Меѓутоа тој внимаваше на нив, чекајќи само да добие нешто од нив.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 3