Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 28:8-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И се случи Поплиевиот татко да лежи болен од треска и болки во желудникот. Павле влезе при него, се помоли, ги положи рацете на него и се исцели.

9. По тој настан и други болни од островото доаѓаа и се исцелуваа.

10. Тие ни искажаа и многу почести, а при заминувањето нè снабдија со сè што ни беше потребно.

11. По три месеци отпловивме со еден александриски брод, што беше презимувал на островот и ги имаше Диоскурите како знак.

12. И кога стигнавме во Сиракуза и останавме таму три дни,

13. а оттаму пловејќи заобиколивме и стигнавме во Ригија; и кога по еден ден дувна јужниот ветер, дојдовме на идниот ден во Потиоли,

14. каде најдовме браќа, кои нè замолија да останеме при нив седум дена. И така тргнавме за Рим;

15. откако браќата, чуја за нас, ни излегоа во пресрет до Апиевата Ширина и до Трите Крчми. Кога Павле ги виде Му благодари на Бога и се охрабри.

16. Штом влеговме во Рим, на Павла му беше дозволено да живее одделно, заедно со војникот, кој го чуваше.

17. А по три дни, Павле ги повика јудејските првенци и кога се собраа, им рече: „Мажи браќа, иако не направив ништо против својот народ ни против татковските обичаи, мене сепак во Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните,

18. кои кога ме испитаа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене немаше никаква вина, што би заслужувала смрт.

19. Но бидејќи Јудејците му се спротивија на тоа, бев принуден да се повикам на ќесарот но не дека имав нешто за да го обвинам својот народ.

20. Ете, затоа ве замолив да дојдете, да ве видам и да ви позборувам, зашто заради Израелевата надеж сум окован во овие вериги.”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 28