Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 28:19-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Но бидејќи Јудејците му се спротивија на тоа, бев принуден да се повикам на ќесарот но не дека имав нешто за да го обвинам својот народ.

20. Ете, затоа ве замолив да дојдете, да ве видам и да ви позборувам, зашто заради Израелевата надеж сум окован во овие вериги.”

21. А тие му рекоа: „Ние не примивме никакво писмо за тебе од Јудеја ниту ни дојде некој од браќата да нè извести или да рече нешто лошо за тебе.

22. Но сакаме да чуеме од тебе што мислиш, зашто ни е познато дека насекаде зборуваат против оваа ерес.”

23. И така му определија еден ден и дојдоа при него мнозина од нив, во станот. И од утро до вечер, тој им излагаше за Божјото Царство со докази и ги уверуваше за Исуса и од Мојсеевиот Закон и од Пророците.

24. И едни поверуваа во тоа што зборуваше, а другите не веруваа.

25. Бидејќи беа несложни меѓу себе, почнаа да се разотидуваат, откако Павле им рече уште еден збор: „Добро им кажа Светиот Дух на вашите татковци, преку пророкот Исаија,

26. велејќи: ‘Оди при овој народ и кажи му: ќе слушате и не ќе разбирате; ќе гледате и нема да видите;

27. зашто закораве срцето на овој народ и со ушите тешко слушаат; а своите очи ги затворија, за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите; и да не разбираат со срцето; и да не се обратат и да не ги исцелам.’

28. Затоа, да знаете дека ова Божјо спасение им е испратено на народите, и тие ќе го чујат!”

29. Кога го рече тоа, Јудејците си отидоа, препирајќи се многу меѓу себе.

30. А тој остана цели две години во својот стан, под наем, и ги примаше сите, кои му доаѓаа;

31. и проповедајќи го Божјото Царство и учејќи за Господа Исуса Христа наполно слободно и без пречка.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 28