Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 26:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. за да им ги отвориш очите, и да се обрнат од темнината кон светлината; од сатанската власт кон Бога, и преку верата во Мене да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените.’

19. Затоа, царе Агрипа, не му бев непокорен на небесното видение;

20. туку им објавив прво во Дамаск, потоа во Ерусалим и по целата Јудејска Земја, а и на народите, дека треба се покајат и да се обрнат кон Бога, вршејќи дела достојни за покајание.

21. Затоа Јудејците ме фатија во Храмот и се обидоа да ме убијат.

22. Но со помошта што ја добив од Бога стојам до денешниот ден и им сведочам на малото и на големото, не зборувајќи ништо друго освен она што Пророците и Мојсеј рекоа дека ќе се збидне:

23. дека Христос ќе пострада и дека - како прв воскреснат од мртвите - ќе им навести светлина и на народот и на народите.”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 26