Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 25:5-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. „Затоа - рече тој - влијателните меѓу вас нека слезат со мене; и ако е виновен во нешто тој човек, нека го обвинат.”

6. Откако слезе во Ќесарија, се задржа меѓу нив осум или десет дена, и веќе утреден седна во судот и заповеда да го доведат Павла.

7. А кога тој дојде, го опкружија Јудејците, кои дојдоа од Ерусалим, и изнесоа против него многу тешки обвиненија, кои не можеа да ги докажат;

8. а Павле во своја одбрана велеше: „Со ништо не се огрешив ни против јудејскиот закон, ни против Храмот, ни против ќесарот.”

9. Но Фест, сакајќи да им угоди на Јудејците, му одговори на Павла и рече: „Сакаш ли да отидеш горе, во Ерусалим, и да ти се суди таму за ова, пред мене?”

10. А Павле рече: „Стојам пред ќесаревиот суд - каде треба да бидам суден. На Јудејците не им сторив никаква неправда, што и ти знаеш многу добро.

11. Ако сум пак виновен, или ако направив нешто што заслужува смрт; не бегам од смртта. Но, ако нема ништо од она за што овие ме обвинуваат, никој не може да ме предаде на нив, за да им угоди. Се повикувам на ќесарот.”

12. Тогаш Фест поразговара со својот совет и одговори: „Се повика на ќесарот, при ќесарот ќе одиш.”

13. Кога поминаа неколку денови, царот Агрипа и Верникија дојдоа во Ќесарија, за да го поздрават Феста.

14. И бидејќи таму се задржаа повеќе денови, Фест го изнесе пред царот Павловото дело: „Феликс остави еден човек во окови,

15. против кого - кога бев во Ерусалим - истапија свештеничките главатари и јудејските старешини и бараа да го осудам.

16. Јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да предадат некого, пред обвинетиот да се соочи со своите обвинители, и да добие прилика да се брани од обвинението.

17. И така, кога тие дојдоа тука заедно, јас на другиот ден - без никакво одлагање - седнав на судиската столица и заповедав да го доведат човекот.

18. Но обвинителите, кои стоеја околу него, не го обвинија ниту за едно зло дело, за кое претполагав,

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 25