Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 25:18-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Но обвинителите, кои стоеја околу него, не го обвинија ниту за едно зло дело, за кое претполагав,

19. туку имаа против него некои препирки за нивната вера и за некој Исус, Кој умрел, а за кого Павле тврдеше дека е жив.

20. А јас, не знаејќи што да правам во расправата, за такви нешта, го прашав дали сака да оди во Ерусалим, за да му се суди таму за тоа.

21. Но, бидејќи Павле се повика на Августа, за да биде запазен до неговата одлука; заповедав да го чуваат додека не го испратам при ќесарот.”

22. Тогаш Агрипа му рече на Феста: „И јас би сакал да го ислушам тој човек.” И тој рече: „Утре ќе го чуеш.”

23. И така, утредента, кога Агрипа и Верникија дојдоа со голем блесок и влегоа во судницата, заедно со илјадниците и со најугледните луѓе во градот; по Фестова заповед го доведоа Павла,

24. и тогаш Фест рече: „Царе Агрипа и сите вие мажи, кои сте тука! Гледајте го овој, заради кого целото множество Јудејци навалија врз мене во Ерусалим и тука, викајќи дека не треба повеќе да живее.

25. Но, јас најдов дека не направил ништо што заслужува смрт; и бидејќи тој самиот се повика на Августа, решив да го испратам.

26. За него немам ништо веродостојно да му напишам на господарот; затоа го изведов пред вас, царе Агрипа, за да имам што да напишам по испитувањето.

27. Зашто ми се чини неразумно да биде испратен окован човек, а да не бидат соопштени обвиненијата против него.”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 25