Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 25:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога Фест ја зеде власта над покраината, по три дни, од Ќесарија отиде горе во Ерусалим,

2. каде свештеничките главатари и јудејските првенци истапија пред него против Павла, и го молеа,

3. барајќи услуга против него, за да го спроведе во Ерусалим; поставувајќи заседа за да го убијат на пат.

4. Но, Фест во одговор рече дека Павле се пази во Ќесарија, каде и тој самиот скоро ќе отиде.

5. „Затоа - рече тој - влијателните меѓу вас нека слезат со мене; и ако е виновен во нешто тој човек, нека го обвинат.”

6. Откако слезе во Ќесарија, се задржа меѓу нив осум или десет дена, и веќе утреден седна во судот и заповеда да го доведат Павла.

7. А кога тој дојде, го опкружија Јудејците, кои дојдоа од Ерусалим, и изнесоа против него многу тешки обвиненија, кои не можеа да ги докажат;

8. а Павле во своја одбрана велеше: „Со ништо не се огрешив ни против јудејскиот закон, ни против Храмот, ни против ќесарот.”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 25