Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 23:6-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Бидејќи Павле знаеше дека едниот дел се садукеи, а другиот фарисеи, извика во Синедрионот: „Мажи браќа, јас сум фарисеј, син фарисеев; ме судат заради надежта во воскресението на мртвите.”

7. И кога го рече тоа, настана расправа меѓу фарисеите и садукеите, и собирот се раздели;

8. зашто садукеите велат дека нема воскресение, ни ангели, ни дух, а фарисеите ги признаваат и двете.

9. Така настана голема врева. И некои книжевници од фарисејската странка станаа и се препираа, велејќи: „Не наоѓаме никакво зло во овој човек, и ако му зборувал дух или ангел, тогаш да не му се противиме на Бога.”

10. И бидејќи расправата стана голема, заповедникот се исплаши да не го раскинат Павла, и заповеда на војската да слезе и да го грабне од нивна средина, и да го одведат во тврдината.

11. Идната ноќ Господ застана пред него и му рече: „Не бој се, Павле! Секако, како што сведочеше за Мене во Ерусалим, така треба да сведочиш и во Рим.”

12. И кога се раздени Јудејците се собраа и се заколнаа, дека не ќе јадат ниту ќе пијат додека не го убијат Павла.

13. Беа повеќе од четириесет, кои ја дадоа таа заклетва.

14. Тие дојдоа при првосвештениците и старешините и им рекоа: „Се заколнавме со заклетва, дека нема да вкусиме ништо додека не го убиеме Павла.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 23