Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 20:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. а во горната соба, каде се бевме собрале, имаше многу светилки.

9. А едно момче, по име Евтих, кое седеше на прозорецот, го фати длабок сон и тоа, додека Павле зборуваше подолго, совладано од сонот падна од третиот кат долу и го дигнаа мртво.

10. Но Павле слезе, му се фрли, го прегрна и рече: „Не возбудувајте се, зашто неговата душа е во него!”

11. Потоа отиде горе, раскрши леб и јаде, и им зборуваше долго, сè до зората, и тогаш отпатува.

12. А момчето го доведоа живо и се утешија многу.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 20