Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 20:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. И еве, сега знам дека сите вие, меѓу кои поминав проповедајќи го Царството Божјо, не ќе го видите веќе моето лице.

26. Затоа ви сведочам во овој ден дека сум чист од крвта на сите вас;

27. зашто не пропуштив да ви ја соопштам целокупната Божја намера.

28. Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи, за да ја пасете Божјата Црква, која Тој ја придоби со Својата крв.

29. Јас знам дека по моето заминување, ќе навлезат меѓу вас свирепи волци, кои нема да го штедат стадото;

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 20