Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 2:7-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Сите се восхитуваа и чудеа, велејќи: „Ете, зар сите што зборуваат не се Галилејци?

8. Тогаш како ние го слушаме секој својот јазик, во кој сме родени?

9. Партјаните, и Мидјаните и Елемитите и жителите на Месопотамија, Јудеја и Кападокија, Понт и Азија,

10. Фригија и Памфилија, Египет и од краиштата на Ливија, околу Киринија; и Римјаните кои дошле, Јудејците и прозелитите,

11. Критјаните и Арабјаните: ги слушаме како зборуваат на нашите јазици, за големите Божјите дела.”

12. Сите се восхитуваа и во недоумение си велеа еден на друг: „Што може да биде ова?”

13. Други пак се подсмевнуваа и велеа: „Се напиле слатко вино!”

14. А Петар стана, со Единаесетмината, и го поткрена гласот и им рече: „Јудејци и сите вие, кои живеете во Ерусалим! Знајте го ова и послушајте ги моите зборови!

15. Овие луѓе не се пијани, како што мислите вие - зашто е едвај третиот час на денот -

16. туку тоа е кажаното преку пророкот Јоил:

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 2