31. А некои од азиските началници, кои му беа пријатели; испратија при него и го помолија да не се појавува во гледалиштето.
32. Едни викаа едно, а други - друго, зашто собранието беше збунето и повеќето не знаеја зошто се беа собрале.
33. Тогаш го поттикнаа од народот Александра, кого Јудејците го туркаа напред. Александар пак мавна со раката и сакаше да даде објаснение пред народот;
34. но кога дознаа дека е Јудеец, сите викаа едногласно и викаа околу два часа: „Голема е ефеската Артемида!”
35. Најпосле градскиот писар го смири народот и рече: „Ефесци! Кој е оној човек, кој не знае дека градот Ефес е чувар на храмот на големата Артемида и на нејзиниот кип, што падна од небото?
36. Бидејќи тоа е неоспорно, вие треба да бидете мирни и да не преземате ништо непромислено!