Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 19:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога Аполос беше во Коринт, Павле, откако ги помина горните области, дојде во Ефес, и тука најде некои ученици.

2. Им рече: „Дали Го примивте Светиот Дух, кога поверувавте?” Му одговорија: „Не сме ни чуле дека дошол Светиот Дух.”

3. Уште им рече: „А во што се крстивте?” А тие рекоа: „Во Јовановото крштавање.”

4. А Павле рече: „Јован крштаваше покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој ќе дојде по него, односно во Исуса.”

5. Кога го чуја тоа, се крстија во името на Господа Исуса.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 19