Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 19:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога Аполос беше во Коринт, Павле, откако ги помина горните области, дојде во Ефес, и тука најде некои ученици.

2. Им рече: „Дали Го примивте Светиот Дух, кога поверувавте?” Му одговорија: „Не сме ни чуле дека дошол Светиот Дух.”

3. Уште им рече: „А во што се крстивте?” А тие рекоа: „Во Јовановото крштавање.”

4. А Павле рече: „Јован крштаваше покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој ќе дојде по него, односно во Исуса.”

5. Кога го чуја тоа, се крстија во името на Господа Исуса.

6. И кога Павле ги положи рацете на нив, Светиот Дух слезе на нив. И зборуваа јазици и пророкуваа;

7. а беа вкупно околу дванаесет мажи.

8. Тогаш влезе во синагогата и таму зборуваше смело, три месеци за Божјото Царство и се трудеше да ги убеди.

9. Но бидејќи некои беа корави и непокорни, и зборуваа зло за Патот пред множеството, тој отстапи од нив и ги оддели учениците, и секојдневно проповедаше во училиштето на некој си Тиран.

10. Тоа продолжи две години, така што сите, кои живееја во Азија, Јудејците и Грците, го чуја Господовото Слово.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 19