Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 18:2-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Таму најде еден Јудеец по име Акила, родум од Понт, кој неодамна беше дошол од Италија, заедно со својата жена Прискила, зашто Клаудиј заповеда сите Јудејци да го напуштат Рим. Дојде при нив,

3. зашто беше со истиот занает, остана кај нив и работеше; зашто нивниот занает беше да прават шатори.

4. А секоја сабота расправаше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Грците.

5. А кога Сила и Тимотеј слегоа од Македонија, Павле беше подбудуван во духот ревносно да сведочи на Јудејците дека Исус е Месија.

6. Но, бидејќи тие се противеа и хулеа, тој ги истресе своите облеки и им рече: „Вашата крв на вашите глави! Јас сум чист и отсега ќе одам при народите.”

7. И се премести оттаму и дојде во домот на некој си Тициј Јуст, богобојазлив човек, а чија куќа беше до синагогата.

8. И Крисп, началник на синагогата, со целиот свој дом, поверува во Господа; и многу Коринтјани, кои го слушаа, поверуваа и се крштаваа.

9. А Господ му рече на Павла, ноќе, во видение: „Не бој се! Но зборувај и не замолкнувај,

10. зашто Јас Сум со тебе! И никој нема да те допре, за да ти направи некакво зло, зашто имам многу народ во овој град.”

11. И така преседе година и шест месеци и ги поучуваше во Божјото слово.

12. А кога Галион беше управител на Ахаја, Јудејците се подигнаа еднодушно против Павла и го доведоа пред судската столица,

13. велејќи: „Овој човек ги наговорува луѓето да Го почитуваат Бога спротивно на Законот.”

14. Кога Павле сакаше да ја отвори устата, Галион им рече на Јудејците: „Ако беше прашање за некаква неправда или за зло дело, о Јудејци, се разбира, би требало да ве трпам.

15. Но ако тоа е прашање за некој збор, за имињата и за вашиот Закон, разгледајте сами; јас не сакам да бидам судија во тие работи.”

16. И ги истера од судската столица.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 18