Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 15:4-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Кога стигнаа во Ерусалим, беа примени од црквата, од апостолите и старешините; и раскажаа сè што направил Бог со нив.

5. Тогаш станаа некои од фарисејската следба, кои поверуваа, и рекоа, дека треба да бидат обрезани и да им се нареди да го пазат Мојсеевиот Закон.

6. Апостолите и старешините се собраа да ја разгледаат таа работа

7. и бидејќи настана големо расправање, Петар стана и им рече: „Мажи, браќа! Вие знаете дека Бог веќе од првите денови ме избра меѓу вас, за да го чујат народите од мојата уста словото на Евангелието и да поверуваат.

8. И Бог, Кој ги познава срцата, посведочи на нив, кога им Го даде Светиот Дух, како и нам.

9. И не постави никакви разлики меѓу нас и нив, зашто преку вера ги очисти нивните срца.

10. Зошто сега Го искушувате Бога, ставајќи им на вратот на учениците јарем, кого ни нашите татковци ни ние не можевме да го носиме?

11. Но ние веруваме дека ќе се спасиме исто како и тие, преку благодатта на Господа Исуса.”

12. Тогаш замолкна целото множество и ги слушаа Варнава и Павла, кои раскажуваа колку чуда и знаци направи Бог, преку нив, меѓу народите.

13. Кога тие свршија да зборуваат, проговори Јаков и рече: „Мажи браќа, послушајте ме!

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 15