Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 15:35-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. А Павле и Варнава останаа во Антиохија, каде заедно со многу други поучуваа и го проповедаа Господовото слово.

36. По неколку дена Павле му рече на Варнава: „Да се вратиме пак и да ги посетиме браќата по сите градови, каде го проповедавме Господовото слово, за да видиме како се!”

37. А Варнава сакаше да го поведат со себе и Јована, наречен Марко.

38. А Павле сметаше дека не треба да го водат оној, кој се одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив на дело.

39. И дојде до расправа, така што се разделија еден од друг. Варнава го зеде со себе Марка и отплови за Кипар;

40. а Павле го избра Сила и тргна, предаден од браќата на Господовата благодат.

41. И поминуваше низ Сирија и Киликија и ги утврдуваше црквите.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 15