Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 15:23-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. и по нив го испратија ова писмо: „Апостолите и старешините, ваши браќа, ги поздравуваат браќата од народите во Антиохија, Сирија и Киликија!

24. Бидејќи чувме дека некои од нас, на кои ништо не им заповедавме ве збуниле со зборови и ги смутиле вашите души,

25. одлучивме еднодушно да избереме мажи и да ги пратиме при вас, со нашите возљубени Павле и Варнава,

26. со луѓето, кои ги предадоа своите души за нашиот Господ Исус Христос.

27. И така, ви ги испраќаме Јуда и Сила, кои ќе ви го соопштат и усно истово.

28. Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи:

29. да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите. Бидете здрави!”

30. И така пратените слегоа во Антиохија, го собраа народот и го предадоа писмото.

31. А кога го прочитаа, се зарадуваа на утехата.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 15