Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 15:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А некои дојдоа од Јудеја, и ги учеа браќата: „Ако не се обрежете според Мојсеевиот обичај, не можете да се спасите.”

2. А кога Павле и Варнава се впуштија во не мала расправа со нив, определија Павле и Варнава и уште некои од нив, да се искачат во Ерусалим, при апостолите и старешините заради тоа прашање.

3. И така, испратени од црквата, поминаа низ Феникија и Самарија, раскажувајќи за обратувањето на народите, и правејќи им голема радост на сите браќа.

4. Кога стигнаа во Ерусалим, беа примени од црквата, од апостолите и старешините; и раскажаа сè што направил Бог со нив.

5. Тогаш станаа некои од фарисејската следба, кои поверуваа, и рекоа, дека треба да бидат обрезани и да им се нареди да го пазат Мојсеевиот Закон.

6. Апостолите и старешините се собраа да ја разгледаат таа работа

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 15