Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 11:24-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Имено, тој беше добар човек, полн со Светиот Дух и со вера; и големо множество се присоедини кон Господа.

25. Тогаш отиде во Тарс да го побара Савла; и кога го најде, го доведе во Антиохија.

26. И така, цела година се собираа во црквата и поучија големо множество. И прво во Антиохија учениците ги нарекоа христијани.

27. Во тие денови пророци од Ерусалим слегоа во Антиохија.

28. И едниот од нив, по име Агав, стана и објави преку Духот, дека ќе биде голем глад по целиот свет; која и беше при Клаудиј.

29. Тогаш учениците одлучија - секој според своите можности да им испрати помош на браќата во Јудеја.

30. Тоа и го направија, испраќајќи им на старешините преку Варнава и Савла.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 11