Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 11:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тоа се случи трипати и пак сè беше одвлечено горе на небо.

11. И, ете, во тој час три човека, испратени од Ќесарија до мене, застанаа пред куќата во која бевме.

12. Тогаш Духот ми рече да одам со нив, не размислувајќи. И овие шестмина браќа дојдоа со мене и влеговме во куќата на човекот.

13. Тогаш тој ни раскажа како во својата куќа видел ангел, кој застанал и му рекол: „Прати во Јопија и повикај го Симона, кој се вика Петар!

14. Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.”

15. И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот.

16. Тогаш се сетив на Господовите зборови: „Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.

17. И така, ако Бог им даде ист дар, кога поверуваа во Господа Исуса Христа, како и нам, кој сум јас да можам да Му го забранам тоа на Бога?”

18. Кога го чуја тоа, се смирија и Го славеа Бога, велејќи: „И така, Бог им даде и на народите покајание за живот!”

19. А оние, кои беа распрснати заради гонењето, по Стефана, поминаа сè до Феникија, Кипар и Антиохија, не проповедајќи му го никому Словото, освен на Јудејците.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 11