Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 10:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. А утреден, додека тие патуваа и наближуваа до градот, Петар излезе околу шестиот час, се качи на покривот на куќата, да се помоли.

10. Огладне и посака да јаде; и додека му приготвуваа јадење, тој имаше видение:

11. и виде отворено небо и некаков сад како големо платно да слегува и се спушта со своите четири краишта на земјата.

12. Во него беа сите четвороножни животни, и земни лазачи, и небесни птици.

13. И еден глас му рече: „Стани, Петре, заколи и јади!”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 10