Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 10:31-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. и ете, пред мене застана човек во светла облека и рече: ‘Корнелиј, послушана е твојата молитва и Бог си спомна за твоите милостини.

32. И така, испрати некого во Јопија и повикај го Симона, кој се вика Петар! Тој е гостин во куќата на Симона, кожарот, покрај морето; кога тој ќе дојде ќе ти зборува.’

33. И веднаш пратив при тебе, и ти направи добро што дојде. Сега тука, сите сме пред Бога, за да чуеме сè што Господ ти заповедал.”

34. Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „ Вистина гледам дека Бог не гледа на лице,

35. туку Нему Му е мил во секој народ оној, кој се бои од Него и кој прави правда.

36. Вие го знаете Словото што им го испрати на Израелевите синови, објавувајќи го Евангелието на мирот преку Исуса Христа; Овој е Господ на сите.

37. Вие знаете што се случи по сета Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован;

38. Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 10