Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 1:5-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!”

6. А собраните Го прашаа со овие зборови: „Господи сега ли ќе го востановиш Израелевото Царство?”

7. А Тој им рече: „Не е ваше да ги знаете времињата и настаните, што Таткото ги одреди со Својата власт.

8. Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сè до крајот на земјата.”

9. И кога го рече тоа, се вознесе пред нивните очи, и еден облак Го зеде од пред нивните погледи.

10. И кога гледаа кон небото, додека Тој се вознесуваше, ете двајца мажи во бела облека застанаа покрај нив

11. и им рекоа: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.”

12. Тогаш се вратија во Ерусалим, од Гората, која се вика Маслинова, што е близу до Ерусалим, еден саботен ден одење.

13. И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда.

14. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа.

15. А во тие дни Петар стана, меѓу браќата, а имаше собрано множество - околу сто и дваесет души - и рече:

16. ”Браќа, требаше да се исполни Писмото, што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста, за Јуда, кој им беше предводник на оние, кои Го фатија Исуса;

17. тој беше во нашиот број и беше добил дел од службава.

18. Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 1