Стар Завет

Нов Завет

3 Јован 1:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Старешината до возљубениот Гај, кого го љубам во вистина.

2. Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во сè и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа.

3. Имено, многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина, како ти одиш во вистина.

4. За мене нема поголема радост од тоа: да чујам дека моите деца одат во вистина.

5. Возљубен мој, постапуваш верно во сè што правиш за браќата, и тоа за туѓинците,

6. кои пред црквата ја посведочија твојата љубов; ќе направиш добро, ако ги испратиш по начин, како што е достојно пред Бога,

7. зашто тргнаа поради Неговото име, не примајќи ништо од народите.

8. И така, ние сме должни да ги примаме таквите, за да станеме соработници за вистината.

9. пишав нешто на црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нè прими нас.

10. Затоа ако дојдам таму, ќе потсетам за неговите дела, што ги врши, напаѓајќи нè со лоши зборови, и не се задоволува со тоа, туку сам не ги прима браќата, а на оние кои сакаат да ги примат, им забранува и ги гони од црквата.

Прочитајте целосна глава 3 Јован 1