Стар Завет

Нов Завет

2 Тимотеј 4:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Те заколнувам пред Бога и Христа Исуса, Кој е готов да им суди на живите и мртвите, со Неговото јавување и Неговото Царство:

2. проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука.

3. Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите,

4. и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки.

5. А ти биди трезвен во сè, трпи го страдањето, врши ја работата на евангелист, исполнувај ја својата служба до крај.

6. Зашто јас веќе сум излеан како жртва налевница, и времето на моето заминување настапи.

7. Извојував добра борба, го завршив трчањето, ја запазив верата.

8. Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите, кои го возљубија Неговото јавување.

9. Погрижи се да дојдеш скоро при мене,

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 4