Стар Завет

Нов Завет

2 Тимотеј 3:5-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив!

6. Зашто од нив се оние кои се вовлекуваат во куќите и ги измамуваат простите жени натоварени со гревови, кои се водени од различни страсти,

7. кои учат секогаш, а никогаш не можат да дојдат до познавањето на вистината.

8. И како што Јаниј и Јамвриј му се спротивија на Мојсеј, така и овие и се противат на вистината, луѓе со изопачен ум, отфрлени во обѕир на верата.

9. Но нема да напредуваат веќе, зашто нивното безумие ќе се открие пред сите, како што се откри и на оние двајца.

10. А ти го следеше моето учење, начинот на живеење, замислата, верата, долготрпението, љубовта, трпението,

11. гонењата, страдањата што ми се случија во Антиохија, Иконија и Листра. Какви гонења претрпев, и Господ ме избави од сите!

12. А и сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети,

13. додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, измамувајќи и бивајќи измамени.

14. А ти остани во она што си го научил и во што си убеден, зашто знаеш од кого си го научил и

15. зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.

16. Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата,

17. за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 3