15. Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога како работник, кој не треба да се срамува, кој правилно го проповеда словото на вистината!
16. А отстранувај се од непристојни и празни зборови, зашто таквите сè повеќе ќе напредуваат во безбожност,
17. а нивното слово ќе разјадува како рак; од кои се Именеј и Филет,
18. кои се оддалечија од вистината, тврдејќи дека воскресението веќе станало и со тоа ја рушат верата на некои.
19. Сепак цврсто стои Божјата основа, која го има овој печат: „Господ познава кои се Негови” и „Да отстапи од неправдата секој, кој Го именува Господовото име!”
20. А во голем дом има не само златни и сребрени садови туку и дрвени и земјани. Едните се за благородна, а другите за неблагородна употреба.
21. И така, ако некој се очисти од овие, ќе биде сад за чесна употреба, осветен, полезен на домаќинот и приготвен за секое добро дело.
22. Бегај од младински желби! Стреми се кон правда, вера, љубов и мир со оние кои Го повикуваат Господа од чисто срце.
23. А отфрли ги безумните и неразумните распрашувања, знаејќи дека раѓаат борби!
24. А Господовиот слуга не смее да се расправа, туку треба да биде кроток кон сите, способен да поучува и да трпи;
25. да ги воспитува со кротост оние кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината,