Стар Завет

Нов Завет

2 Солунците 3:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Не затоа што немавме право на тоа, туку за да бидеме самите себе за пример за да нè подражавате.

10. Зашто и кога бевме со вас, ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, нека и не јаде!

11. Имено, слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи.

12. На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господа Исуса Христа да работат мирно и да го јадат својот леб.

13. А на вас, браќа, да не ви се досади да правите добро!

14. Ако пак некој не го послуша нашето слово преку посланието, означете го и не се мешајте со него, за да се засрами.

15. Но не го сметајте за непријател, туку предупредувајте го како брат.

16. А Самиот Господ на мирот да ви даде мир секогаш и на секаков начин. Господ да биде со сите вас!

17. Поздрав со мојата рака, Павлова: тоа е белег во секое послание, пишувам така:

18. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас.

Прочитајте целосна глава 2 Солунците 3