Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 9:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И така, сметав за потребно да ги замолам браќата да отидат пред нас при вас, и да го приготват однапред вашиот отпорано најавен дар на благослов, така што да биде готов како благослов, а не како користољубие.

6. А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее!

7. Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.

8. А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сè секогаш сè што е потребно и да ви остане за секое добро дело,

9. како што е напишано: „Растури, им даде на бедните, Неговата правда останува вечна.”

10. Оној Кој му дава семе на сејачот, ќе му даде и леб за храна; и ќе го умножи вашето семе и ќе направи да израстат плодовите на вашата правда;

11. и да бидете богати во сè за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога.

12. Зашто извршувањето на оваа света служба, не само што им ја надополнува скудноста на светите, туку и се возвишува со тоа што мнозина Му благодарат на Бога;

13. тие се вредното извршување на оваа служба и се поттикнати да Го слават Бога, за вашето покорно признавање на Евангелието за Христа и за дарежливоста на вашето заедништво со нив и со сите,

14. и со својата молитва покажуваат дека копнеат по вас, заради преизобилната Божја благодат во вас.

15. Благодарение на Бога за Неговиот неискажлив дар.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 9