Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 9:2-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнала мнозина.

3. Сепак ги испраќам браќата, за да не се покаже, во овој однос, празно нашето фалење со вас и за да бидете, како што реков, приготвени,

4. и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние, да не речам вие.

5. И така, сметав за потребно да ги замолам браќата да отидат пред нас при вас, и да го приготват однапред вашиот отпорано најавен дар на благослов, така што да биде готов како благослов, а не како користољубие.

6. А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее!

7. Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.

8. А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сè секогаш сè што е потребно и да ви остане за секое добро дело,

9. како што е напишано: „Растури, им даде на бедните, Неговата правда останува вечна.”

10. Оној Кој му дава семе на сејачот, ќе му даде и леб за храна; и ќе го умножи вашето семе и ќе направи да израстат плодовите на вашата правда;

11. и да бидете богати во сè за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 9