Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 9:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А во однос на собирање помош за светите, излишно е да ви пишувам,

2. зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнала мнозина.

3. Сепак ги испраќам браќата, за да не се покаже, во овој однос, празно нашето фалење со вас и за да бидете, како што реков, приготвени,

4. и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние, да не речам вие.

5. И така, сметав за потребно да ги замолам браќата да отидат пред нас при вас, и да го приготват однапред вашиот отпорано најавен дар на благослов, така што да биде готов како благослов, а не како користољубие.

6. А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее!

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 9