Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 8:5-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И даваа не само како што се надевавме, туку и самите себе Му се предадоа прво на Господа, и тогаш нам, преку Божјата волја.

6. Затоа го замоливме Тит како што порано започна, така и да го заврши меѓу вас и ова дело на љубовта.

7. И како што изобилувате во сè, во верата, во словото, во знаењето, во секаква ревност и во љубовта кон нас, покажете го своето изобилство и во ова дело на љубовта.

8. Не го велам ова како заповед, туку ја испитувам искреноста на вашата љубов, преку ревноста на другите.

9. Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како заради вас од богат стана сиромашен, за да се обогатите вие преку Неговата сиромаштија.

10. Со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои веќе од минатата година го почнавте не само со дело, туку и со својата волја.

11. А сега довршете го и тоа дело: како што бевте подготвени да сакате, така да бидете подготвени и да го довршите, според она што имате.

12. Зашто, ако има добра волја, таа е добро дошла според она што има, а не според она што нема.

13. Не сакам олеснувањето на другите да ви донесе неволја вам, туку да има рамноправност:

14. во сегашно време вашиот одвишок да ја покрие нивната скудност, и нивниот одвишок да послужи на вашата скудност, за да биде рамноправност,

15. според она што е напишано: „Кој собра многу, немаше одвишок, а кој собра малку, немаше недостиг.”

16. Но, Му благодарам на Бога, Кој истата грижа за вас му ја стави во срцето на Тит!

17. Зашто ја прифати нашата молба, но бидејќи многу ревносен, доброволно отиде при вас.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 8