Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 8:20-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Со тоа сакаме да избегнеме да не ни се префрли заради овој изобилен подарок што го донесуваме.

21. Зашто, ние се грижиме за она што е добро не само пред Господа, туку и пред луѓето.

22. А со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност ја испитавме повеќе пати во многу работи, а кој е уште поревносен сега, заради големата доверба во вас.

23. Што се однесува за Тит, тој е мој другар и соработник за вас. А што се однесува за нашите браќа, тие се пратеници на црквите и Христова слава.

24. И така, покажете им го пред црквите доказот на вашата љубов и на нашите пофалби за вас.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 8