Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 8:14-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. во сегашно време вашиот одвишок да ја покрие нивната скудност, и нивниот одвишок да послужи на вашата скудност, за да биде рамноправност,

15. според она што е напишано: „Кој собра многу, немаше одвишок, а кој собра малку, немаше недостиг.”

16. Но, Му благодарам на Бога, Кој истата грижа за вас му ја стави во срцето на Тит!

17. Зашто ја прифати нашата молба, но бидејќи многу ревносен, доброволно отиде при вас.

18. Со него го праќаме и братот пофалуван, за работење на Евангелието по сите цркви.

19. И не само тоа, туку црквите го избраа да патува со нас во ова дело на љубовта, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и да ја покажеме својата подготвеност.

20. Со тоа сакаме да избегнеме да не ни се префрли заради овој изобилен подарок што го донесуваме.

21. Зашто, ние се грижиме за она што е добро не само пред Господа, туку и пред луѓето.

22. А со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност ја испитавме повеќе пати во многу работи, а кој е уште поревносен сега, заради големата доверба во вас.

23. Што се однесува за Тит, тој е мој другар и соработник за вас. А што се однесува за нашите браќа, тие се пратеници на црквите и Христова слава.

24. И така, покажете им го пред црквите доказот на вашата љубов и на нашите пофалби за вас.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 8