Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 8:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија;

2. дека, иако во многу неволји, со кои беа искушувани, нивната преумножена радост и длабоката беда, покажаа преизобилно богатство на нивната дарежливост.

3. Зашто сведочам, дека според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно

4. и нè молеа многу да им ја укажеме милоста да можат да учествуваат во службата на светите.

5. И даваа не само како што се надевавме, туку и самите себе Му се предадоа прво на Господа, и тогаш нам, преку Божјата волја.

6. Затоа го замоливме Тит како што порано започна, така и да го заврши меѓу вас и ова дело на љубовта.

7. И како што изобилувате во сè, во верата, во словото, во знаењето, во секаква ревност и во љубовта кон нас, покажете го своето изобилство и во ова дело на љубовта.

8. Не го велам ова како заповед, туку ја испитувам искреноста на вашата љубов, преку ревноста на другите.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 8