1. А како Негови соработници ние ве молиме, да не ја примате напразно Божјата благодат.
2. Зашто вели: „Во благопријатно време те послушав и во денот на спасението ти помогнав.” Еве, сега е благопријатното време, ете, сега е денот на спасението!
3. Не даваме никакви соблазни, ни во што, за да не и се приговори на нашата служба;
4. туку во сè се покажуваме како Божји слуги: во големо трпение, во неволји, во беди, во тешкотии,
5. при удари, во темници, во буни, во напори, во бдеења, во пости;
6. во чистота, во знаење, во трпеливост, во добрина, во Светиот Дух, во нелицемерна љубов;
7. во словото на вистината, во Божјата сила, со оружје на правдата, со десната и левата рака,
8. со слава и со срам, со лош глас и со добар глас, како измамници, а вистински луѓе,
9. како непознати, а пак, добро познати, како оние кои умираат - и ете, живееме; како казнувани, но не убивани,
10. како жалосни, но секогаш радосни; како бедни, а збогатуваме други, како оние кои немаат ништо, а имаат сè.
11. Нашата уста се отвори кон вас, Коринтјани, нашето срце стана широко.
12. Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во вашите срца;
13. ви зборувам како на свои деца: бидете широки и вие, за да ми вратите на ист начин.